Себастијан Фетел е победник на трката за ГН на Белгија, прекинувајќи ја серијата победи на Луис Хамилтон со која Британецот си создаде солидна предност на врвот во генералниот пласман. Хамилтон имаше одлична ситуација за да продолжи во ист ритам, стартуваше од пол-позицијата, но не успеа да го задржи налетот на големиот противник и на крајот мораше да се задоволи само со втората позиција.
Најголемите возбудувања се случија уште во првиот круг, кога на почетниот свиок дојде до судир меѓу Хулкенберг, Алонсо и Леклерк, па тројцата возачи експресно ја завршија трката. Во друг судир настрадаа Раиконен и Рикиардо, Финецот во 9. круг се повлече, додека возачот на Ред бул се мачеше како последен пред да се „паркира“ во гаражата поради проблеми со болидот.
Фетел целата работа ја заврши уште во првиот круг, минувајќи го Хамилтон и потоа задржувајќи се на чело на колоната се до самиот крај. Макс Ферстапен извозе одлична трка, па иако стартуваше како седмопласиран на крајот стигна до третата позиција, пред Ботас, Перез, Окон, Грожан, Магнусен…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА