Борусија Дортмунд ја стартуваше новата бундеслигашка сезона со импресивна победа од 4-1 на дерби-дуелот против Лајпциг. „Милионерите“ покажаа карактер за голем камбек уште во првото полувреме, откако Лајпциг по само 30 секунди игра поведе со голот на Аугустин.
Тоа беше само мотив повеќе за избраниците на тренерот Фавр, кои одиграа спектакуларно до крајот на полувремето, постигнувајќи три погодоци преку Дахуд, Сабицер (автогол) и Витсел.
Во вторите 45 минути и двете екипи имаа шанси за нови погодоци, за точка во судиското продолжение да стави Марко Ројс, со гол од контрананад на асистенција на младиот Санчо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА