Фудбалерите на Барселона имаа огромни проблеми да се адаптираат на очајниот терен за игра во Валјадолид, а веќе на следното гостувањето во Примера ги очекува ист предизвик, и тоа против далеку посилен ривал како што е Реал Сосиедад.
Баскијскиот клуб го реновира стадионот „Аноета“ поради што во првите три кола гостува, а првиот домашен натпревар го игра на 15 септември токму против шампионот Барселона. А каталонците веќе почнаа да се жалат, откако се појавија фотографии на кои тревата се уште не е наместена. Згора на тоа, беше објавено дека подлогата од Холандија ќе пристигне на 2 септември, по што ќе почне да се мести на стадионот.
„Целиот процес се очекува да биде финиширан на 6 септември, само девет дена пред гостувањето на Барселона. Вообичаено најкратко време за целосна адаптација на ваква трева за подлога изнесува 15 дена, така што е јасно дека Барса пак ќе има слични проблеми како во Валјадолид“ – пишуваат каталонските медиуми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА