Германскиот првак Баерн Минхен ќе реагира итно по повредата на Кингсли Коман и ќе се обиде да купи нов крилен играч. Тренерот Нико Ковач го пикирал колумбискиот интернационалец Хуан Квадрадо од Јувентус. Тој на почетокот на оваа сезона е во втор план, мораше да му ја даде „седумката“ на Кристијано Роналдо, а доби само 55 минути на теренот од Масимилијано Алегри на двата натпревари во шампионатот.
Баварскиот тим во моментот има само тројца крилни играчи, Арјен Робен, Франк Рибери и Серж Гнабри, а Ковач сака да ја дополни конкуренцијата и со Хуан Квадрадо. 30-годишниот колумбиски интернационалец се очекува да биде достапен за Баерн Минхен за сума од 25 милиони евра во финишот на летниот преоден рок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА