„Кралевите“ убедливи против Џирона

Реал Мадрид ја оствари втората победа во Ла Лига оваа сезона, совладувајќи ја Џирона на гости со 1-4. Иако домашниот тим прв поведе со голот на Гарсија Борха во 16.минута, сепак, Серхио Рамос израмни од пенал пред крајот на првиот дел.

Во второто полувреме, Бензема исто така од пенал го доведе „кралскиот клуб“ во водство, а потоа Герет Бејл ги разреши дилемите околу победникот по еден брз противнапад. На крајот, Бензема со својот втор погодок ги постави конечните 1-4 на овој дуел.

Се вчитува...