Македонскиот кошаркарки вицепрвак, МЗТ Скопје Аеродром има ново лого. Амблемот ги задржува главните елементи од досегашното лого, но е со модернизиран изглед велат од клубот.
„Новиот симбол на клубот, кој е изработен во соработка со нашите верни навивачи, го задржува духот и симболиката на МЗТ Скопје Аеродром. Овој потег претставува продолжување по патот на темелни промени во клубот, пред сѐ во начинот на работа во однос на минатото. Наш приоритет ќе остане желбата за константна битка за трофеите на домашна сцена и достојна презентација на регионална и европска сцена, но идентична енергија ќе вложиме и во работата со талентите во младинската школа, која се надеваме во најскоро време ќе прерасне во непресушен извор на домашен потенцијал за првиот тимСо ребрендирањето на логото сакаме да означиме еден нов почеток со нов начин на размислување, кое ќе биде допадливо за сите на кои низ вените им тече сино-бела крв, но и на оние кое само сакаат напредок на макбаскетот, без да се оптоваруваат со клупска припадност“ – соопштуваат од МЗТ.
Кошаркарите на МЗT се на подготвки во очекување на новата сезона во која ќе се борат во домашниот шампионат и во АБА 2 лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА