Норвешкиот клуб Розенборг ќе допатува ослабен во Скопје, на реванш натпреварот против Шкендија, во рамките на плејоф колото за влез во групите од Лигата на Европа. Во составот на гостите в четврток ќе го нема напаѓачот Пал – Андре Хеланд, кој заработи повреда на бутниот мускул на десната нога на мечот против Штромгодсет.
„Хеланд нема да биде способен за настап во наредните три или четири седмици. Тој сигурно ќе го пропушти реваншот против Шкендија, како и уште неколку мечеви во шампионатот“, изјави тренерот на Розенборг, Рини Кулен.
Реваншот меѓу Шкендија и Розенборг е закажан за в четврток, со почеток во 20.15 часот, на арената „Филип Втори“, а норвешкиот тим по првиот дуел обезбеди предност од 3-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА