Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски би можел да му се придружи на Енис Барди во најквалитетната шпанска лига. Тој е пред трансфер во редовите на шпанскиот прволигаш Рајо Валјекано. До крајот на летниот преоден рок остануваат уште неколку дена, во кои треба трансферот да биде реализиран.
Димитриевски имаше одлична сезона во дресот на Гимнастик, а тоа го зголеми интересот за него кај неколку шпански клубови како Малага, Лас Палмас и Рајо Валјекано.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА