Европскиот првак Реал Мадрид го позајми младиот украински голман Андриј Лунин во Леганес. Тој не може да се избори за место меѓу диреците во конкуренција на Кејлор Навас и на Тибо Куртоа, а тренерот Хулен Лопетеги сака да го стекне неопходното искуство во шпанскиот фудбал. Токму затоа во оваа сезона Лунин ќе го брани голот на Леганес.
Лунин е еден од најперспективните млади голмани во светот и ова лето потпиша повеќегодишен договор со „кралскиот клуб“. Тој е инвестиција за иднината, а дотогаш ќе треба да се кали во други шпански клубови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА