Чудо од дете: Малиот Марко на 12 години го преплива Охридското езеро

Охрид денеска на големиот христијански празник Голема Богородица го слави својот нов херој, 12-годишниот Марко Пејчиноски кој направи неверојатен подвиг, препливувајќи го Охридското езеро. Успехот е уште поголем ако се знае дека ова дете доживеало инфаркт на долните екстремитети, но тоа не го спречило да сонува за големиот подвиг – сон што денеска стана реалност.

Тој утринава почна со пливање околу 10.30 часот, а за противници на самиот старт ги имаше и ветерот и брановите кои му ја отежнуваа работата. Сепак, Пејчиноски одговори на сите предизвици, па нешто по 18 часот пристигна на Охридското пристаниште, пречекан од огромна број на сограѓани.

Секоја чест, за храброста и упорноста на ова дете од кое можеме да учиме сите.
Фото и видео: ohridnews.dom

 

 

Се вчитува...