Херојот Марко: Во вода ми беше супер, не очекував дека ќе биде толку лесно…

Марко Пејчиноски направи огромен подвиг со препливувањето на Охридското езеро, иако ова 12-годишно момче се соочува и со здравствени проблеми поради инфаркт на долните екстремитети од пред извесен период. Малиот Марко ги крена охриѓани на нозе, а потоа скромно ги искажа првите импресии од повеќечасовната битка со брановите.

„Не очекував да биде толку лесно. Сега кога пристигнав чувствувам замор, но во водата од езерото ми беше супер“ – беа првите зборови на новиот охридски херој, пренесени од “ohridnews.com”

Пејчиноски на целта го пречека Дики Бојаџи, легенда на македонското пливање.

Ова дете ни одржа спортска лекција на сите и ни покажа како треба да се користи езерото. Наназад педесет години никој охриѓанец не го препливал Охридското езеро, затоа треба да се слави името на Марко. Честитки до детето и фамилијата која сигурно му била најголема поддршка“ – рече Бојаџи.

 

фото: ohridnews.com

Се вчитува...