Спектакл во Минхен – проштален меч на Бастијан Швајнштајгер (видео)

Навивачите на Баерн Минхен вечерва ја исполнија „Алијанц арена“ до последно место за да му искажат благодарност на Бастијан Швајнштајгер за сето она што германскиот ас го прикажуваше во дресот на баварскиот гигант.

Ривал на Баерн на прошталниот меч на Швајнтајгер беше неговиот сегашен клуб Чикаго фајр, а Германецот првото полувреме го мина во дресот на американската екипа, за вторите 45 минути да го носи дресот на Баерн, заедно со капитенската лента на клубот во кој ги мина најубавите моменти во кариерата.

Јасно е, резултатот не беше во преден план на овој спектакл, но треба да се истакне дека Баерн славеше со убедливи 4-0, а стрелци на головите беа Гнабри, Вагнер, Робен и секако – Бастијан Швајнштајгер, кој со погодок стави печат на својот последен натпревар на „Алијанц арена“.

 

Се вчитува...