Поранешниот шпански репрезентативец Чаби Алонсо почнa тренерска кариера. Тој по завршувањето на активното играње го заврши првиот тренерски курс и се приклучи во работата на младинската академија на Реал Мадрид, заедно со легендарниот напаѓач Раул Гонзалес. Ќе го предводи тимот до 14 години на „кралскиот клуб“.
36-годишниот Чаби Алонсо во својата кариера беше дел од Реал Сосиедад, Еибар, Ливерпул, Реал Мадрид и Баерн Минхен. За селекцијата на Шпанија одигра 114 натпревари и постигна 16 гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА