Османи: Рознеборг има слаби точки, треба да ги искористиме

Тренерот на Шкендија, Ќатип Османи, е оптимист дека неговиот тим се уште има шанси за влез во групната фаза од Лигата на Европа. Тетовци утре ќе го пречекаат Розенборг во обид да ја надополнат негативата од 3-1 од првиот меч во Трондхајм, а Османи верува дека неговите избраници ќе успеат да го искористат слабостите во играта на норвешкиот првак.

„Имаме негатива, но ако функционираме сите заедно, ако одиграме колективно, мое мислење е дека имаме квалитет да се квалификуваме понатаму и да се пласираме во Лигата на Европа. Во Норвешка игравме отворено, покажавме добар офанзивен фудбал, дадовме еден гол, но за жал примивме три. Верувам дека како и сите екипи, така и Розенборг има свои слаби точки што ќе треба да ги искористиме. Мислам дека треба да одиграме колективно и да го наметнеме нашето темпо, мечот да мине во брз фудбал, тоа е клучот за успехот на Шкендија“ – истакна Османи на денешната прес-конференција.

 

Се вчитува...