Ериксон го посоветува Мурињо – Не влегувај во војна со медиумите, никогаш нема да победиш

Поранешниот селектор на фудбалската репрезентација на Англија, Свен-Јоран Ериксон го посоветува менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо да си молчи кога медиумите го критикуваат. На Португалецот не му оди најдобро со Манчестер јунајтед, а тешко ги поднесува и критиките упатени на негова адреса. Мурињо често влегува во спор со новинарите кога го критикуваат, последно тоа се случи на прес-конференцијата по поразот од Тотенхем (0-3) кога побара повеќе почит од седмата сила.

„Кога си критикуван како тренер, а мене тоа ми се случувало многу пати и во Англија и надвор од Англија, подобро е да си замолчиш. Не се обидувај да се одбраниш, затоа што тоа е работа на резултатите. Само преку нив можеш да се браниш. А тие се во медиумите – читај ги и не зборувај за тоа. Ако влезеш во војна со медиумите, никогапш нема да победиш. Секогаш ќе загубиш, бидејќи новинарот секогаш го има последниот збор – тој пишува“ – му порача Ериксон на Мурињо.

Се вчитува...