Еуфорично е расположението меѓу навивачите на Црвена звезда по големиот успех и пласманот во групната фаза од Лигата на шампионите. Еден од најпознатите меѓу нив сигурно е Новак Ѓоковиќ, а фактот дека се наоѓа во Њујорк за настап на УС Опен воопшто не му пречеше на Ноле со песна да го прослави ремито во Салцбург.
Кога немаше со кого, Ѓоковиќ сам запеа и видеото го објави на својот фејсбук профил, по што истото беше споделено и од страна на Црвена звезда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА