Столе Димитриевски пред вратите на Еспањол

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски е многу блиску до трансфер во шпанскиот прволигаш Еспањол, откриваат медиумите на Пиринеите. Неговиот актуелен клуб Гимнастик и Еспањол влегоа во завршни преговори и се очекува тој да се пресели во каталонскиот клуб во самиот финиш на летниот преоден рок, информира каталонскиот „РАЦ 1“.

Димитриевски во Еспањол треба да го замени Роберто Хименез кој ќе замине во Валјадолид, и треба да го сочинува голманскиот тандем заедно со ветеранот Диего Лопез, поранешниот голман на Реал Мадрид.

Претходно, за Столе Димитриевски се интересираа и Леганес и Рајо Валјекано.

Се вчитува...