УЕФА планира да воведе ново натпреварување почнувајќи од 2021 година, во кое главен збор ќе имаат клубовите од „помалите држави“ кои вообичаено немаат претставници во групните фази од Лигата на шампионите и Лигата на Европа.
Денешната средба на челниците на европскиот фудбал во пресрет на ждребот за ЛШ била искористена и за дискусија на оваа тема, при што начелно се договорени деталите за новото натпреварување, кое би стартувало за три години.
Реформите на УЕФА предвидуваат ЛШ да остане со 32 клубови, а бројот на учесници во групната фаза од Лигата на Европа од 48 да се намали на 32, со цел да се зголеми квалитетот и атрактивноста на ова натпреварување.
За да се најде место и за оние „помали екипи“, УЕФА веќе постигнала договор за ново натпреварување чие име дополнително ќе биде одредено. Во него би учествувале екипи од југоисточна европа, како и од скандинавските држави. Јасно е дека во оваа група влегуваат и македонските клубови, а останува да се види каков ќе биде форматот на квалификации и дали и во колкава мера ќе се намали бројот на екипи од Македонија кои ќе се обидат да влезат во ЛШ и во Лигата на Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА