Џером Боатенг во текот на летово беше поврзуван со неколку европски гиганти, трансферот во ПСЖ беше многу блиску до реализација, но германскиот репрезентативец сепак ќе остане во Баерн Минхен.
Тиражниот германски весник „Билд“ попладнево објави дека Боатенг веќе ја прифатил одлуката на баварскиот гигант, откако Баерн се согласи да разговара со ПСЖ, но не постигна договор со францускиот првак околу висината на отштетата. „Светците“ испратија понуда „земи или остави“ во висина од 40 милиони евра, баварскиот гигант остана на барањето дека Боатенг вреди најмалку 50 милиони, поради што преговорите се прекинати и дефинитивно нема да продолжат во текот на утрешниот ден, кога се затвора преодниот рок во Европа.
„Боатенг ни е потребен во тимот. Кога тој е здрав, нема многу играчи во Европа кои се подобри од него во дефанзива“ – изјави Томас Милер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА