Робинсон се враќа во НБА

Американскиот крилен центар, Томас Робинсон е нов играч на Атланта. Кошаркарот кој минатата сезона настапуваше за рускиот Химки со своите настапи го привлече вниманието на НБА тимовите.

За Робинсон беа заинтересирани неколку тимопви од најсилната кошаркарска лига во светот, но тој на крај ја избра понудата од поранешниот клуб на нашиот Перо Антиќ.

Робинсон и претходно веќе настапуваше во НБА пред да ја продолжи кариерата во Европа. Тој беше избран како петти пик на драфтот во 2012 година од Сакраменто, но не се истакна посебно во својот прв обид во НБА. Одигра вкупно 313 натпревари, смени шест тимови и имаше просек од 4,9 поени и 4,8 скока по натпревар.

Минатата сезона во дресот на Кимки, Робинсон имаше просек од 8,5 поени  и 5,7 скока во 28 одиграни натпревари.

Се вчитува...