Пелистер му оддаде почит на својот прославен ракометар Боро Чурлевски. Во негова чест востановен е Меморијалниот турнир „Боро Чурлевски“, а на неговото прво издание, Пелистер симболично го повлече дресот со број 4 што го носеше Чурлевски.
Претседателот на РК Пелистер, Васко Ковачевски, зелениот дрес со бројот 4 му го предаде на семејството на Чурлевски, а голем дрес со неговата „четворка“ ќе има почесно место над семафорот во битолската сала која исто така го носи името на поранешниот македонски репрезентативец кој во 2014 година ја загуби битката со болеста и почина на 49-годишна возраст.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА