Линдзи Вон ќе ја скија последната сезона

Американската скијачка ѕвезда, Линдзи Вон најави повлекување од скијањето. Таа избра многу неконвенционален начин да ја соопшти одлуката. Одговарајќи на прашања на нејзиниот Инстаграм профил, на прашањето уште колку планира да биде во скијањето професионално, Вон одговори „ова ми е последната сезона“.

34-годишната Вон која неколкупати се враќаше по сериозни повреди е скијачката со најмногу победи на трките од Светскиот алпски куп. Има 82 триумфи, а теоретски може да го надмине рекордот на Ингемар Стенмарк од 86 успеси во Светскиот куп. Ако не успее да го надмине овој рекорд, Вон не е сигурна дека ќе се повлече. За да ја оствари целта ќе и требаат најмалку пет победи на 18-те трки во спуст и во супервелеслалом кој се закажани во претстојната сезона.

Линдзи Вон има три олимписки медали, како и седум трофеи од светските алпски скијачки првенства.

 

 

Се вчитува...