Баерн Минхен лесно и убедливо го совлада Штутгарт на гости со 0-3, задржувајќи го максималниот ефект по две кола во Бундес-лигата. Тимот на Нико Ковач немаше големи проблеми да стигне до трите бода.
Леон Горецка во 37.минута донесе водство за баварскиот тим, а Роберт Левандовски во 62.минута веќе ги разреши дилемите. До крајот, во листата на стрелците се запиша и Томас Милер во 76.минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА