Новак Ѓоковиќ немаше воопшто проблеми на патот до осминафиналето на тенискиот гренслем во Њујорк, со оглед дека беше апсолутно доминатен во пресметката со Французинот, Ришар Гаске.
Српскиот ас го доби дуелот со 3-0 во сетови дозволувајќи му на противникот само осум гема, два во првиот и по три во следните сетови.
Ѓоковиќ кој ја забележа 13-та победа во 14-от меѓусебен дуел со Гаске, имаше 32 „винери“, а францускиот ветеран запиша дури 50 неизнудени грешки. Во осминафиналето, Ѓоковиќ ќе игра против Португалецот Жоао Соуза.
Кај тенисерките, младата Арина Сабаленка се избори за осминафинален пласман откако ја елиминираше поранешната шампионка од Вимблдон и петта турнирска носителка, Петра Квитова. Белорусинката го доби дуелот во два сета. Сабаленка во осминафиналето ќе се сретне со Јапонката Наоми Осака.
Марија Шарапова без проблеми се пласираше меѓу шеснаесетте најдобри на турнирот. Во два сета со само пет загубени гема го доби дуелот со Јелена Остапенко. Шарапова во осминафиналето ќе игра против Карла Суарез Наваро.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА