Фудбалската репрезентација на Македонија на 6.септември ќе ги почне своите настапи во новоформираното натпреварување на УЕФА – Лигата на Нации. Во пресрет на стартот, Европската куќа на фудбалот ја претстави и официјалната топка со која ќе се играат натпреварите. Таа е најновото изненадување од германската компанија за спортска опрема „Адидас“ и има навистина шаренолик дизајн.
Македонија на 6.септември ќе му гостува на Гибралтар, а три дена подоцна во рамките на Лигата на Нации на домашен терен ќе ја пречека селекцијата на Ерменија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА