Барселона оствари убедлив триумф над Хуеска со 8-2 и се искачи на првата позиција на табелата во Ла Лига. Гостите први поведоа на овој меч, со погодокот на Кучо, но Барселона брзо ги постави работите на свое место. По два гола постигнаа Лионел Меси и Луис Суарез, во листата на стрелците се запишаа и Дембеле, Ракитиќ и Алба, а Пулидо си постигна автогол.
Вториот гол за Хуеска беше дело на Галјар во 42.минута.
Лионел Меси на оваа средба постави и нов рекорд. Тој е првиот фудбалер во 21. век кој во Ла Лига успеал да реализира 150 асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА