Хамилтон: „Непријателската“ публика во Монца ме мотивираше

Луис Хамилтон оствари голема победа на Формула 1 трката за Големата награда на Италија во Монца успевајќи да се избори со болидите на Ферари кои го држеа првиот стартен ред. Ударот кој му го нанесе на противничкиот табор, кој пак се надеваше на успех на домашен терен, покрена лавина кај публиката која и онака е непријателски расположена кон Британецот. Со свирежи беше проследено неговото качување на подиумот.

„Во оваа арена во која се бориме ние, многу лесно може ваквите ситуации да ви влијаат, ако дозволиш да допре до тебе, може да ти влијае на целиот живот. Но, затоа пак може и многу лесно да те крене, како што е во мојот случај. Можат да продолжат да го прават тоа, мене ме мотивираше, а така ќе биде и во иднина“ – изјави актуелниот Формула 1 шампион.

Хамилтон ја запиша петтата победа во сезоната и му побегна на единствениот конкурент во битката за титулата, Себастијан Фетел, на 30 бода дистанца во пресрет на завршните седум трки од шампионатот.

 

 

Се вчитува...