Британскиот возач Луис Хамилтон стигна прв на целта на трката во Монца за Големата награда на Италија и ја зголеми предноста во однос на Себастијан Фетел на Ферари, кој е и неговиот единствен конкурент за шампионската титула во Формула 1. А Германецот не штедеше зборови за Хамилтон, по блискиот контакт што го имаа речиси на самиот старт од трката.
„Ова беше глупав потег, каде сакаше да оди?“, комуницираше Фетел со својот тим.
На крајот, се покажа дека потегот на Хамилтон воопшто не беше глупав, туку му овозможи да го освои првото место во Монца.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА