Серена Вилијамс е максимално мотивирана за освојување гренслем титули и нема намера да запре во походот кон историски успех. Таа на УС Опен е во обид да дојде до 24. титула од најголемите турнири и со тоа да се израмни со рекордерката Маргарет Корт.
Обврските околу мајчинството воопшто не и ги намалуваат амбициите во тенисот, вели Серена.
„Желбата воопшто не ми е намалена. Ако највисокото ниво на желба е 10, моето беше и ќе остане некаде на 20“ – изјави Вилијамс по осминафиналната победа над Каја Канепи на турнирот во Њујорк.
Серена Вилијамс како 17. носителка го почна УС Опен, денеска ќе го игра четвртфиналниот дуел против Каролина Плишкова и има голема можност да го реализира рекордното постигнување.
Американката на гренслем турнирите се врати на Ролан Гарос годинава, но мораше да се повлече поради повреда. Потоа на Вимблдон стигна во финалето, а битката за титулата ја загуби од Германката Анжелик Кербер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА