Левиот бек на РК Вардар, Сергеј Горбок, долго ќе отсуствува од ракометните терени поради сериозна повреда на коленото. Тој ги скинал лигаментите на коленото, повреда што реално ќе го одвои до крајот на сезоната.
Горбок се повреди во саботата на тренинг, а неколку денови се чекаше прво да се намали отокот за да може да се извршат потребните лекарски контроли. Магнетната резонанца покажа сериозна повреда на лигаментите.
Поради повреда со тимот се уште не тренира голманот Даниел Ѓорѓески, а скршеница на дланката има Стојанче Стоилов кој ќе паузира неколку седмици. На списокот на повредени извесен период беа и Игор Карачиќ и Вуко Бозоран.
Горбок по двегодишна пауза се врати во Скопје и потпиша договор со Вардар, но сега ќе мора долго да паузира.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА