Како никогаш досега – Лигата на нации е шанса на генерацијата (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ЕКИПА во Гибралтар,

Владимир Булатовиќ

Како никогаш досега, се чини, и македонските фудбалски репрезентативци со огромна самодоверба и желба за успех го очекуваат новото натпреварување на УЕФА, Лигата на нациите, преку која и тоа како се негуваат сериозни шанси за пласман на Европското првенство 2020.

Сето тоа се чувствува и на тренинзите на националниот тим во Гибралтар на кои фудбалерите постојано ја потенцираат максимално позитивната атмосфера која владее пред стартот на новото европско натпреварување. На крајот, сето тоа треба да води до прво место во групата и пласман на ЕП….

 

Се вчитува...