Серена Вилијамс го мина најтешкиот тест досега на УС Опен победувајќи ја Каролина Плишкова за деветто последовно полуфинале на гренслемот во Њујорк. Американката која е 17.носителка, губеше со 4-2 во воведниот сет, но успеа да ја сврти ситуацијата и го доби мечот во два сета, 6-4 и 6-2.
Во полуфиналето, Вилијамс ќе игра против Литванката Анастасија Севастова кој вчера направи подвиг со елиминацијата на ланската шампионка, Слоун Стивенс.
„Немам уште десет години за освојување гренслем-титули. Затоа секој меч ми значи многу. Излгувам и давам се од себе“ – изјави по дуелот Серена која има две титули од УС Опен.
Ако триумфира годинава ќе дојде до 24. титула од гренслем турнирите и ќе се израмни со рекодот на Маргарет Корт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА