Почнува Лигата на нации: Шанса и ’малите’ да станат големи и да играат на Европско првенство

Новото натпреварување на УЕФА, Лигата на нации, утре ќе го има својот официјален почеток. Ќе игра и Македонија, на гости против Гибралтар (20.45 часот) во рамките на дивизијата Д, каде се наоѓаме во група заедно со Гибралтар, Ерменија и со Лихтенштајн.

Наместо пријателски натпревари, УЕФА формираше ново натпреварување кое дури и на „малите“ селекции им нуди можност да стигнат на Европско првенство. Конкретно, на ЕП 2022, кое ќе се игра во дури 13 земји, а ќе учествуваат 24 селекции. Паралелно, ќе се одвиваат и „вистинските квалификации“ за Европското првенство. Лигата на нации е шанса плус за сите, а тука Македонија ја гледа својата, можеби и историска.

Во Лигата на нации учествуваат сите 55 европски фудбалски репрезентации, а на победникот ќе му биде доделен нов пехар. Репрезентациите се поделени во 4 лиги (дивизии), според коефициентот на листата на УЕФА после квалификации за Светското првенство кое се одржа во Русија.

Победникот од секоја група, и од секоја лига (двизија) влегува во дополнителни квалификации за пласман на Европско првенство (вкупно четири места). Тие натпревари ќе се играат во 2020 година, три месеци пред почетокот на Европското првенство.

Македонија тргнува од Гибралтар утре, а три дена подоцна на домашен терен во Скопје ќе ја пречека Ерменија.

 

 

Се вчитува...