Најпознатите тренери на денешницата, обединети во елитниот форум на УЕФА, сериозно ја наметнуваат темата да се промени правилото за гол во гости, кога се во прашање европските натпреварувања. Тие веќе поведоа иницијатива за промена, и само прашање на време е кога Европската куќа на фудбалот тоа ќе стави во процедура.
Џорџо Маркети, генералниот секретар на УЕФА, истакна дека веќе е отворена дискусија за тоа правило, околу мечевите во Лигата на шампионите и Лигата на Европа.
„Тренерите мислат дека тоа правило треба да се разгледа и така ќе направиме. Ситуацијата во фудбалот веќе се промени и не е толку тешко да се постигне во гол, како што тоа беше некогаш“, изјави Маркети.
Правилото е првпат користено во Купот на победниците на куповите во 1965 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА