Бразилецот Марсело повеќе од една деценија е на „Сантијаго Бернабеу“, а италијанските медиуми најавуваат дека на зима би можел да го следи патот на Кристијано Роналдо и да се пресели во Јувентус. Во една таква размена, Алекс Сандро би можел да дојде во Реал Мадрид.
Сепак, левиот бек демантира ваков развој на настаните.
„Пресреќен сум во Реал Мадрид, ова е мојот дом. Реал е најдобриот клуб во светот и нема намера да го напуштам најдобриот клуб. Сакам уште долго да играм овде на врвно ниво и потоа да ја завршам кариерата. Дојдов млад и од почетокот имав јасна цел – да успеам во Реал Мадрид. Сега уживам во секој момент додека сум член на овој клуб“, изјави Марсело за шпанските медиуми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА