Рафаел Надал има уникатен начин во борбата со високите темератури кои владеат Њујорк за време на тенискиот гренслем УС Опен. За да ги спречи штетните последици од жештините, Шпанецот користи елек за разладување кој го произведува неговиот спонзор „Најк“. Овој специфичен дел од опремата за две до три минути успева да ја намали температурата на телото.
Надал елекот го користи за тренинзите, но и за време на паузите во текот на мечевите како што беше во дуелот со Доминик Тим во четвртфиналето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА