У-19: Два гола на Бојан Колевски, Македонија подобра од Летонија

Младата репрезентација за фудбалери до 19 години славеше со 1-2 против домаќинот Летонија на интернационалниот турнир „Куп на федерации“.

Македонија до победата дојде благодарение на двата погодоци на Бојан Колевски кој стрелаше во 57. и во 75. минута од средбата. Летонците само го ублажија поразот со гол во 80. минута.

Селекторот Горан Станковски на дуелот против Летонците настапи во следниот состав Велковски, Антовски, Ивановски, Наумчевски, Симоновски, Османоски, Гроздановски, Талески, Колевски, Наумоски и Бериша. А играа уште и Тимевски, Пановски, Фераи, Ѓорѓиевски, Димов, Адем, Љума, Трпчевски и Додевски.

За македонската селекција во Летонија следат уште два натпревари, против Украина (8. септември) и против Фарските острови (10. септември).

Се вчитува...