Репрезентативецот на Габон, Табанге Черубин (24), официјално е најновото засилување во редовите на Пелистер. Битолскиот суперлигаш со Табанге потпиша едногодишен договор.
Габонецот игра на позицијата лев бек, а минатата сезона настапуваше за турскиот клуб МУК од Анкара. Од истиот клуб во Пелистер се пресели и голманот Харис Плех.
Табанге Черубин е десеттото засилување со кое се затвора ростерот на тимот за следната сезона која за пелистерци стартува следниот викенд со дуелот против градскиот ривал Еурофарм Работник.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА