Фудбалската репрезентација на Германија синоќа го одигра првиот натпревар во Лигата на нации, ремизираше во Минхен против светскиот првак Франција, а мечот ќе остане запаметен по непријатните моменти за Илкај Гундоган. Фудбалерот на Манчестер сити беше извиркан од германските фанови поради фамозната фотографија со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган. Поради ова и Месут Озил се откажа од понатамошен настап во дресот на Германија.
Гундоган одлучи да остане во националниот тим, но го навлече гневот на навивачите кои сметаат дека овие фудбалери само од корист играат во дресот на Германија. Во второто полувреме, кога Илкај Гундоган играше на теренот, секој негов контакт со топката беше проследен со силни свирежи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА