Хрватскиот интернационалец Лука Модриќ откри дека неговиот поранешен соиграч од Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, му честитал за наградата што ја доби од УЕФА за најдобар играч изминатата сезона. Португалецот не присуствуваше на гала-свеченоста во Монте Карло, најверојатно откако дозна дека нема да биде добитник на наградата, но тоа нема да го наруши односот што го имаат Модриќ и Роналдо.
„Роналдо ми честиташе за наградата, ми испрати убава СМС – порака, истакнувајќи дека заслужено сум го добил признанието. И мене единствено тоа ми е важно, со сите други шпекулации не сакам да се оптоварувам. Јас и Роналдо сме, и ќе останеме добри пријатели“, изјави Модриќ за португалските медиуми по пријателскиот натпревар меѓу Хрватска и Португалија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА