Италијанскиот првак Јувентус е заинтересиран за ангажман на играчот за врска на Пари Сен Жермен, Адриен Рабио. Тој влезе во последната година од актуелниот договор со „светците“, а раководството на „старата дама“ отсекогаш знаеле да доведе во Торино квалитетни играчи кои се слободни агенти. Тренерот Масимилијано Алегри сака да ја засили конкуренцијата во средниот ред, а Рабио би бил одлично засилување.
Од поодамна во трката за Французинот се и Реал Мадрид, Барселона и Манчестер сити, а кулминацијата ќе биде достигната во зимскиот преоден рок. Од друга страна, ПСЖ го притиска Рабио да потпише нов договор со клубот и да ја обнови соработката.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА