Селекторот на младата репрезентација на Македонија, Добринко Илиевски не е задоволен од резултат на своето деби на клупата на селекцијата до 21 година.
Македонија загуби на гостувањето во Нови Сад од Србија со 2-1, во меч во кој составот на Илиевски беше блиску до бод…
„Мислам дека со непотребно преголем респект влеговме во дуел со Србија. На почетокот се баравме во играта, а потоа во второто полувреме одигравме согласно договореното. Заслуживме најмалку реми, навистина малку ни недостасуваше да дојдеме до позитивен резултат“ – истакна Илиевски по мечот од квалификациите за ЕП 2019.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА