Новак Ѓоковиќ е повторно оној стариот во добро препознатливата извонредна форма. Српскиот тенисер се пласираше во финалето на УС Опен откако во полуфиналето го „збриша“ Кеи Нишикори во три сета, победувајќи со 6-3,6-4,6-2.
На тој начин Ѓоковиќ дојде до своето осмо финале на УС Опен, а ќе има можност да се бори и за третата титула на Гранслем турнирот во Њујорк.
Во финалето Србинот ќе се соочи со Мартин Дел Потро кој до можност да се бори за престижниот трофеј дојде откако Надал во полуфиналето му го предаде мечот. Дел Потро водеше со 2-0 во сетови во моментот кога Надал одлучи да се откаже.
Финалето на УС Опен се игра утре од 22 часот по средноевропско време.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА