Петото издание на велешкиот пливачки маратон кој е во рамките на националната програма за далечинско пливање на Пливачката федерација на Македонија ќе се одржи на 15 септември.
Трката е дел од националниот куп во далечинско пливање. Пливачите ќе се натпреваруваат на 5 километри. За помладите категории делницата ќе биде 2,5 километри.
Покрај официјалната трка на кој можат да учествуваат сите пливачи кои се дел од домашните клубови, ќе се одржи и рекреативно натпреварување за љубителите на пливањето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА