Шпанија славеше во дерби пресметката од Групата 4 во А-Лигата на нации на гостински терен против Англија во Лондон.
Дуелот на „Вембли“ заврши со победа од 1-2 на „црвената фурија“, во меч во кој сите погодоци беа постигнати во првото полувреме.
Најпрво Англија поведе со голот на Рашфорд уште во 11. минута, за да само две минути подоцна Шпанија израмни со погодокот на Саул Нигез во 13. минута. Во 32. минута со голот на Родриго Шпанците заокружија на 1-2.
Второто полувреме не донесе никакви фудбалски возбудувања на терен, откако во 47. минута тешка повреда заработи англискиот репрезентативец Лук Шо кој на носилки беше изнесен од теренот и пренесен во клиничкиот центар во Лондон.
Во Лигата Ц од ова натпреварување, Грција на гостински терен славеше со 0-1 против Естонија благодарение на голот на Фортунис уште во 14. минута од средбата.
Во Лигата Д, пак, Луксембург убедливо со 4-0 славеше против Молдавија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА