Јапонската тенисерка Наоми Осака е сензационална победничка на УС Опен. Таа во големото финале ја победи една од најголемите во историјата, Американката Серена Вилијамс со 2-0 во сетови (6-2, 6-4). Тоа е прва титула од „големиот шлем“ за Осака. За Серена Вилијамс останаа солзите, и надежта дека на некој следен гренслем ќе ја достигне Маргарет Корт, која има 24.гренслем титули.
Серена Вилијамс многу грешеше и имаше 13 неизнудени грешки во првиот сет. Осака, за разлика од неа, ги сведе своите грешки на минимум и го доби првиот сет со 6-2.
Американката отвори со 3-1 во вториот сет, и кога сите помислија дека влезе во ритам, таа повторно почна со неизнудени грешки. Осака поведе со 4-2 во гемови, а потоа се случи контроверзна ситуација. Серена беше незадоволна од една судиска одлука, го нарече крадец, а Карлос Рамос постапи според правилата и додели уште еден гем за Осака. Не и помогнаа солзите на Серена, а Наоми Осака го освои УС Опен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА