Серена Вилијамс приреди вистински хаос во финалето на УС Опен во кое загуби од Јапонката Наоми Осака.
Една од најдобрите тенисерки на сите времиња се впушти во сериозна кавга со судијата Карлос Рамос кој ја опомена за „коачинг“ а потоа и одзеде и гем поради вербални навреди од нејзина страна.
Серена по мечот го обвини судијата за сексизам, притоа нарекувајќи го и лопов, поради што неизбежна беше и казната за неа од страна на организаторите на гранслем турнирот.
Организаторите на УС Опен ја казнија со 17.000 долари затоа што прекрши три точки од кодот за коректно однесување. Но, оваа казна нема тешко да и падне затоа што со пласманот во финалето на УС Опен заработи 1,85 милиони долари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА