Лихтенштајн го среди Гибралтар, Македонија осамена на врвот

Лихтенштајн славеше над Гибралтар со 2-0 на вториот меч од нашата група во Лигата на Нации, оставајќи го аутсајдерот во групата без освоен бод, но и без постигнат погодок по првите две кола.

Фудбалерите на Лихтенштајн поведоа во 32. минута преку Салановиќ, а истиот фудбалер 40 минути подоцна ја имаше улогата на асистент, овојпат Вајсер беше стрелец на голот со кој беше осигурана победата.

Наредниот месец на програмата е третото коло, во кое Македонија на 13 октомври ќе го пречека Лихтенштајн, а Ерменија ќе биде домаќин на Гибралтар.

Се вчитува...