Италија без Балотели на мегдан со Португалија

Репрезентацијата на Италија ќе биде ослабена со неиграњето на Марио Балотели на вечерашниот натпревар против Португалија во рамките од второто коло од Лигата на Европа. Селекторот Роберто Манчини гледа на Балотели како на предводник на нападот на „аѕурите“, асот на Ница беше стартер и при ремито со Полска во првото коло, но заработи повреда на мускулот поради која сега ќе мора извесно време да мине надвор од терените.

„Супер Марио“ е еден од седумте фудбалери што Манчини реши воопшто да не ги води со експедицијата за Португалија, заедно со Пелегрини, Запакоста, Ругани, Крањо, Заниоло и Бираги.

Според италијанските медиуми, селекторот на „аѕурите“ планира неколку промени во тимот во однос на разочарувачкото реми со Полска, па се најавува дури и промена на формацијата во 4-4-2, со Имобиле и Заза како најистурени во нападот, помогнати од Киеза и од Бонавентура.

Се вчитува...