У-19: Триумф над Фарските острови за второ место на турнирот во Летонија

Македонската репрезентација за фудбалери до 19 години со триумф од 1-0 против Фарските острови го заврши настапот на турнирот „Куп на федерации“ во Рига, Летонија.

Македонија против Фарските острови победи со голот на Енсар Љума, што на крајот за составот на Горан Станковски значеше второ место на турнирот.

Турнирот во Летонија го завршивме со две победи, против домаќинот Летонија и против Фарските острови, и еден пораз од Украина.

МАКЕДОНИЈА У19 – ФАРСКИ ОСТРОВИ У19 1-0 (0-0)
Стрелец: Енсар Љума 90′
МАКЕДОНИЈА У19: Тимевски, Додевски, Ивановски, Наумчески, Димов, Адем, Гроздановски, Талески, Колевски, Ѓорѓиевски, Бериша.
Играа уште: Лума, Антовски, Османоски, Симоновски, Ферати, Наумоски и Трпчевски.
Селектор: Горан Станковски

Се вчитува...